Новости

Македонија

Над 4.500 граѓани и фирми должат 163 милиони евра на државата

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници бр.09/2019 за долгови доспеани до 31.05.2019 и неплатени до 31.08.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000
денари за правните лица.

На новата Листа на должници бјавени се 1.979 должници – правни лица (помалку за 34 од претходната листа) и 2.586 физички лица (повеќе за 77 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во листата бр.9/2019 изнесува 10.199.141.546 денари (околу 163 милиони евра) повеќе за 343.653.670 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.058.805.415 денари (повеќе за 354.004.608 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 140.336.131 денари (помалку за 10.350.938 денари од претходната листа).

Цела листа на должници ТУКА.  

GOLD
To Top