Новости

Македонија

Намалени нивоата на Вардар кај Јегуновце и на Треска, Сатеска драстично зголемена

Драстично намалени се нивоата на Вардар кај Јегуновце и на Треска кај Македонски Брод, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Како што информира УХМР, преполовени се и Лепенец кај Скопје, како и Пчиња кај Пелинце.

Намалувања на нивоата бележат и други реки, а зголемувања се забележани на Сатеска кај Ботун и на Вардар кај Демир Капија. /МИА

GOLD
To Top