Новости

Македонија

Намалено нивото на реките, езерата во рамки на јануарскиот просек

Намалено ниво на реките во државава во однос на просекот за јануари, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР,  двојно пониско е нивото на реката Црни Дрим кај Ложани, а намалени водостои имаат и Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и кај Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Брегалница кај Штип, Струмица кај Ново Село и Крива Река кај Крива Паланка.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се речиси идентични со просекот за јануари.

GOLD
To Top