Новости

Македонија

Намален водостојот во реките

Нивото на водата во реките во Македонија се намалува откако за време на викендот беа зголемени од врнежите од дожд.

Вардар денеска во горниот тек изнесува 104 сантиметри , кај Велес 128 сантиметри и Демир Капија 222 сантиметри. Во неделата кај Јегуновце беше регистриран 210 сантиметри, кај Скопје 167, кај Велес максимумот е регистриран во неделата од 216 сантиметри и кај Демир Капија од 256 сантиметри.

Водостојот на Треска е намален на 144 саниметри од максималните достигнати 196 во неделата, Брегалница на 28 од максималните 52 евидентирани на 2 декември, на Црна Река нивото денеска е на 102 сантиметри и тоа е намалено од 206 достигнато во неделата, кај Радика на 95 од достигнати 214 од петокот.

Нивото на природните езера е непроменето во последните неколку денови.

GOLD
To Top