Новости

Македонија

Најмногу снег на Маврово, најстудено во Битола

Температурите во Македонија под нулата.

Утрово -12 степени во Битола, во Петровец кај Скопје измерени се -11 степени, во Лазарополе -9, во Крива Паланка, Маврово, Штип и Демир Капија -8, во Тетово, Куманово и Берово -7, во Прилеп и Охрид -6, во Пожаране и Струмица -4, а во Претор и Зајчев Рид во Скопје -1 степен. Во најјужните градови Гевгелија и Дојран измерени се два степена.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува стабилно време до петок, а за време на викендот зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и на планините претежно во западните делови.

GOLD
To Top