Новости

Македонија

Најстудено во Лазарополе, најмногу снег во Маврово, Крушево и Битола

Според мерењата на УХМР во Лазарополе минималната температура изнесувала -14 степени, Маврово и Крушево -13, Претор, Ѓуриште и Тополчани -10, Пожаране минус девет, Битола и Прилеп минус осум, Охрид минус седум, Тетово, Крива Паланка и Куманово минус шест, Скопје и Штип минус пет, Демир Капија, Струмица, Гевгелија и Дојран минус четири.

Најмногу снег има во Маврови Анови 85 сантиметри, 34 во Крушево, 32 во Битола, 25 во Тополчани, 18 на Попова Шапка, 14 во Демир Капија, 13 во Дојран, 12 во Лазарополе, 11 во Струмица, 10 во Ѓуриште, осум во Прилеп, пет во Претор, три во Крива Паланка и Гевгелија, а еден сантиметар во Скопје Петровец, Охрид и во Тетово.

Во Македонија утрово е студено со температури под нулата и врнежи од снег. Најстудено било во Лазарополе, а најмногу снег има во Маврови Анови. Студеното време ќе се задржи до средината на наредната недела.

GOLD
To Top