Новости

Македонија

На Јанакиески, Димовски , Божиновски и Груевски ќе им се суди за „Талир“

Обвинението за случајот „Талир“ на СЈО кое се однесува на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ е прифатено од Кривичниот суд и наскоро би требало да започне судењето.

Со обвинението се опфатени се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службенатта положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перње пари“.За истото дело, како правен субјект, со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

Од овие лица, само на Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи пред неполн месец таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

СЈО поднесе уште еден обвинителен акт во „Талир“. Тој се однесува на незаконската изградба на седиштето на партијата е поднесен против Никола Груевски и Кирил Божиновски, кои со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи пренесува +инфо.

GOLD
To Top