Новости

Македонија

На Јанакиески му се слошило, бил однесен на преглед, а потоа е вратен во Шутка

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, вечерва бил пернесен во ГОБ „8 Септември“, бидејќи се жалел на болки во стомакот, а потоа бил вратен во затворот „Шутка“, пишува Република.

Јанакиески е во притвор од 28 јуни, а веќе 12 дена штрајкува со глад. Дека е во тешка здравствена состојба претходно предупредија неговата сопруга, Сања Јанакиеска, и медиумите, кои пишуваа дека е изнемоштен, одбива секаква храна, а дека е во лоша здравствена состојба е видливо и физички и психички.

Премиерот Заев денеска изјави дека жали што Јанакиески е во притвор, но дека не може да се меша во судски одлуки.

GOLD
To Top