Новости

Македонија

На Јанкуловска и е одложено издржувањето на затворската казна до 1 јули

Судија за извршување на санкција одлучи да го прифати барањето на екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска осудена во „Тенк“ да се одложи издржувањето на затворската казна до 1 јули поради чување на дете, соопштија од Кривичниот суд.

Претходно, Апелациониот суд делумно ја уважи жалбата  на Јанкуловска и ја намали затворската казна од шест на четири години затвор. Таа е обвинета дека при набавката на мерцедесот за поранешниот премиер, Никола Груевски,  ја злоупотребила службената положба и овластувања и во тендерската постапка бил фаворизиран еден економски оператор.

Во врска со овој предмет, Кривичниот суд исто така соопшти дека по завршување на постапката за Јанкуловска на која и се судеше одвоено во Тенк поради бременост, сега се создадени услови за постапување по предметот и по претходно доставениот вонреден правен лек од страна на одбраната на обвинетиот Никола Груевски и сите списи за „Тенк“ се доставени на надлежно постапување во Врховниот суд.

Експремиерот Груевски е осуден на  две години  затвор, а пресудата ја потврди и Апелација, по што неговите адвокати најавија дека ќе достават вонреден правен лек и до Врховен суд пренесува новатв.

GOLD
To Top