Новости

Македонија

На граничниот премин Богородица се чека и до 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, велат од Автомотосојузот на Македонија.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата освен на граничниот премин Богородица каде времето на чекање е околу 45 минути.

Деновите од денеска до понеделник се неработни поради велигденските празници.

Сите расположливи капацитети на граничните премини се ставени во функција, а времето на чекање, велат граничните службеници, зависи од моментниот налет на сообраќајни бранови

Евротип
SNBROKER
To Top