Новости

Македонија

На денешната владина седница – акциски план за зајакнување на ургентните служби во клиничките болници

Владата денеска ќе ја одржи редовната 160-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На оваа своја седница, на предлог Фондот за иновации и технолошки развој ќе се разгледа Информацијата со „Програма за измени и дополнувања на Среднорочна програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година“.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за оваа седница на Владата  ја предлага точката Предлог-Програма за дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година.

На денешната 160-та седница Министерството за здравство ќе ја презентира информацијата со акциски план за зајакнување на ургентните служби во клиничките болници, а Министерството за труд и социјална политика ја предлага Информацијата за Ревидиран Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.

На оваа седница пред министрите во Владата ќе се најде и информацијата за степенот на реализација на Акцискиот план за 2019-2020 година за реализација на Стратегијата за иновации на Република Македонија за 2012-2020 година.

Денешната седница на Владата на Република Северна Македонија е предвидено да започне во 12:00 часот.

GOLD
To Top