Новости

Македонија

На патот Ресен – Охрид после Буково се изведуваат работи на пат

На патниот правец Ресен-Охрид на три километри после планинскиот превој Буково се изведуваат работи на пат.

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од „Македонија пат” информираат дека активностите на патот како што се кастрење и поставување на заштитна мрежа ќе траат околу 20 дена.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот.

GOLD
To Top