Новости

Македонија

Неделава не очекуваат пеколни температури – еве кога ќе биде најтопло

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне особено во планинските региони ќе има локална нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 27 до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Ќе продолжи период на топло време, а најтопло ќе биде од четврток до недела. До средината на неделата претежно во попладневните часови понекаде ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.

Прогноза за 12.06.2019

Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 28°С до 36°C
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со појава на изолирана нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. УВ=8

Прогноза за 13.06.2019

Минимална температура: 14°C до 21°C
Максимална температура: 30°C до 37°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=9

Прогноза за 14.06.2019

Минимална температура: 14°C до 22°C
Максимална температура: 30°C до 39°C
Сончево и доста топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. УВ=9

GOLD
To Top