Новости

Македонија

Нема да има прекин на наставата поради грипот

Нема прекин на наставата поради грипот. Комисијата за заразни болести не препорача вонреден распуст за учениците заради ширењето на вирусот меѓу школската популација.

Засега нема нови мерки. Во меѓувреме расте бројот на заболени. Минатата недела регистрирани над 5.600 случаи, најмногу за една седмица, а најголем дел се ученици.

Иако училиштата се испразнети ниту во образование, ниту во здравство немаат податоци колку деца отсуствувале од настава.

-Ние ја следиме состојбата, изјави министерот за образование Арбер Адеми.

-Ние не сме добиле податоци од образовните институции, изјави д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во ИЈЗ.

Епидемиолозите сметаат дека е потребно да се исполнат неколку услови за да се донесат мерки за спречување на ширење на грипот во училиштата.

-Сметам дека не е задоцнето, сезона на грип е и нормално е да имаме зголемен број случаи, додаде д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во ИЈЗ

Во меѓувреме во земјава е регистриран и трет смртен случај од компликации од грип. На Пулмологија почина 50 годишен маж кој имал повеќе хронични заболувања.

Инаку денеска во државата се очекува да пристигнат и првите 6 од 50-тината работници од Кина. Иако поради коронавирусот пред доаѓањето во Македонија престојуваа 14 дена во карантин, не е исклучена можноста да поминат уште 2 недели под надзор , но за тоа ќе одлучат лекарите откако ќе им направат прегледи и епидемиолошка анкета дали имале контакт со заболени или сомнителни случаи со Коронавирус.

GOLD
To Top