Новости

Македонија

Нема заболени луѓе од антракс, ниту нов случај на заболено животно

„Нов случај на заболено животно од болеста антракс нема. Ниту на одгледувалиштето каде беше откриена болеста, нуту пак во некое друго одгледувалиште. Заболени луѓе од оваа болсет нема. Болеста антракс кај животните не е новост“, ова денеска на прес-конференција го изјави директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.

Атанасов додава дека нема потреба да се шири теза дека ќе се заразат луѓе.

Според АХВ засега болеста антракс е забележана само кај едно одгледувалиште кај Кичевско, а животните кај кои е детектирана се спалени.

Надлежните ја повикаа опозициската партија да не шири паника кај граѓаните.

GOLD
To Top