Новости

Македонија

Нема упис на првоодделенци и други ученици во училиште без потврда за примена вакцина

Во мај нема упис на првоодделенци без примени вакцини. По прогласувањето на епидемија на морбили во целата држава министерот за здравство е категоричен дека по градинките невакцинираните деца нема да се примаат ниту во училиште. Ова ќе важи за сите одделенија. Од друга страна нема да се менува ниту законите за задолжителна имунизација и основно образование, за што Филипче се повика на искуство од Уставниот суд.

– Ниту едно дете нема да биде примено во градинка и во училиште невакцинирано. Најдовме и одлуки на Уставниот суд, што претходно одлучувал по претставки доставени од родители во 2014 година и 2015 година. Јасни се одлуките на Уставниот суд дека никој нема право да го загрозува јавното здравје, ниту има право со својата волја да го загрозува правото на детето да биде здраво, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство

Освен повикување за масовна имунизација и невакцинираните да не се примаат во воспитно образовниот процес, засега комисијата за заразни болести при МЗ нема предложено други мерки за сузбивање на епидемијата. Засега нема да има забрана за групни собири на деца во игротеките, киносалите, фестивалите.

Од почетокот на годината со мали сипаници заразени се околу 1000 лица, повеќето се деца, а регистрирани се и 3 смртни случаи пренесува сител.

GOLD
To Top