Новости

Македонија

Нестабилно време денеска, се очекува пороен дожд и грмежи

Времето на повеќе места ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. На места и особено на северот и истокот процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 11и 19, а дневната ќе достигне од 24 до 31 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје, претпладне со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд, а попладне со повремено пороен дожд и грмежи.  Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Во недела и понеделник нестабилноста ќе се намали, а претежно во планинските региони ќе има услови за појава на краткотраен дожд во недела со ретки грмежи. Во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време со повремено зголемена облачност.

GOLD
To Top