Новости

Македонија

Нестабилно време со пороен дожд попладне

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи над 30 литри на метар квадратен.

Минималната температура ќе биде помеѓу 12 и 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне. Повремено процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Температурата ќе се движи од 18 до 27 Целзиусови степени.

GOLD
To Top