Новости

Македонија

Никола Груевски на фејсбук ја најави својата нова книга

Мојата нова книга, излегува од печат преку издавачката куќа Ѓурѓа.Од утре, среда, 8-ми мај на саемот на книгата, а од петок и во тврдиот повез. Ова на фејсбук го објави поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски.

Книгата ,,Искуства за иднината“ е докторски труд на Никола Груевски на тема: ,,Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ одбранет во во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Ки­рил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

„Неизбежно е да потенцирам дека оваа книга се издава токму во вре­ме на сложени политички случувања во Македонија и кога веќе поло­вина го­дина имам статус на личност со доделен политички азил како поли­тичко про­гонето лице и се наоѓам во Република Унгарија.“, се вели во предговорот на книгата.

GOLD
To Top