Новости

Македонија

Ни доаѓаат 3 продолжени викенди еден по друг

Би било идеално кога 31 јануари би се паднал во било кој ден, а не недела како сега. Доколку се паднеше во четврток, многумина од нас уште во среда ќе беа со мислите насочени кон прославувањето на најлудата ноќ. А вака, ќе треба да одиме на работа во текот на целата последна недела од 2017-та година.

Меѓутоа, не очајувајте бидејќи датумите за останатите 3 неработни денови во јануари се погодени токму таму каде што може еден работник да посакува.

Имено, на почетокот од 2018-та година, првите три седмици ќе работиме по четири денови, односно имаме три продолжени викенди по ред.

Првиот неработен ден е 1-ви јануари (понеделник). Веднаш потоа следи 8-ми јануари (понеделник) кој е исто така неработен ден поради чествувањето на празникот Божиќ.

Третиот продолжен викенд ќе важи само на припадниците на христијанската заедница бидејќи петок (19-ти) јануари е неработен во чест на празникот Богојавление (Водици).

Евротип
Евротип
To Top