Новости

Македонија

Нови рочишта за „Траекторија” и „Тендери”

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат нови рочишта за случаите „Траекторија“ и „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство.

Случајот „Траекторија” се наоѓа во доказна постапка и во него се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс-директорот на  државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид му нанеле штета на буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Во „Тендери“ првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, за изградбата на Музејот на ВМРО.

GOLD
To Top