Новости

Македонија

Нови цени на горивата: Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

По нови цени од ноќеска на полноќ ќе се точат нафтените деривати.

Регулаторна одлучи бензините да поевтинат, а дизелот да поскапи.

Тоа значи дека возачите кои ќе ги полнат резервоарите од ноќеска за ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе плаќаат 71 денар за литар, а  ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе точат по цена од 72,5 денари.

За  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  ќе се плаќаат 63 денари за литар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  нема да се промени односно ќе чини 51,5 денари за литар.

Овие цени стапуваат на сила од ноќеска и ќе важат две недели.

GOLD
To Top