Новости

Македонија

Ново рочиште за „Рекет”, претходните две беа одложени

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судскиот процес за случајот „Рекет”, каде што се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева.

Претходните две рочишта не се одржаа поради боледување на судијката Васка Николовска-Масевска и поради влошената здравствена состојба на обвинетиот Јовановски.

Судењето за овој предмет е во фаза на презентирање материјални докази од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција./МИА

GOLD
To Top