Новости

Македонија

Нов граничен премин со Грција кај Кавадарци, најавија Заев и Ципрас

Отворање на нов граничен премин меѓу Грција и Македонија, најави премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

„Потпишавме договор за отворање нов граничен премин меѓу Промахој од грчка страна и Мајден од наша страна кај Кавадарци. Со овој нов граничен премин, заедно со граничниот премин кај Маркова нога и Агиос Германос се создаваат услови за уште поголема соработка и локален економски развој и прекугранична соработка“, рече Заев.

Тој кажа дека на Бизнис форумот кој ќе се одржи попладнево ќе учествуваат над 400 стопанственици од двете земји.

„Со овој бизнис форум ние лидерите од двете земји обновуваме еден историски простор, на кој нашите две земји се упатени на соработка, за трговска и културна соработка. Денес е формиран висок совет за соработка меѓу двете земји и тоа е јасен знак за решавање на отворени прашања за еден нов Балкан. Уверен сум дека оваа соработка ќе биде препознаена за сите понатамошни иницијативи. Стекнав добар пријател, Алексис е мој другар и пријател на нашата земја. Топло препорачувам да градиме пријателство со сите наши соседи“, рече Заев.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: СДК

GOLD
To Top