Новости

Македонија

Обвинителството работи на предмет во врска со снимање на играна серија​

​Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по известување од Управата за финансиска полиција, отвори предистражна постапка во врска со договорот помеѓу Агенцијата за филм и продукциска куќа ангажирана за снимање на играна серија.

Надлежниот јавен обвинител, како што соопшти денеска Обвинителството, ги презема сите неопходни дејствија за утврдување на фактите.

– Издадени се повеќе насоки и наредби за прибирање на материјални докази поврзани со севкупната постапка за снимање на играната серија. Во оваа фаза од постапувањето веќе е доставен дел од бараните докази, а побарано е и нивно дополнување, се наведува во соопштението.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција велат дека ​за текот на постапката навремено ќе ја информираат јавноста.​

GOLD
To Top