Новости

Македонија

Облачно време со температура до 13 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Преку денот ќе дува слаб претежно северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13 степени, соопти УХМР.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северен ветер. Температурата ќе достигне до 9 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

В понеделник ќе дува засилен јужен ветер, а попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд кои преку ноќта на запад ќе преминуваат во снег. Од вторник ќе биде постудено и врнежите ќе бидат со послаб интензитет и ќе бидат претежно од снег.

GOLD
To Top