Новости

Македонија

Облачно со повремен дожд, а на планините снег

Времето ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. Повеќе врнежи ќе има во ноќните часови кон сабота. Ќе дува повремено умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од четири до 14 степени.

Во сабота особено претпладне се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а потоа следува период на стабилно и потопло време. Од понеделник ќе има услови за магла по одделни котлини.

GOLD
To Top