Новости

Македонија

Објавена листата на новите антикорупционери

Вечерва е објавена е листата со освоените бодови на кандидатите за претседател и членови на новата Антикорупциска комисија.

Според бодувањето, најмногу , 100 поени има Владимир Георгиев, кој е вработен во комисијата,  по него следи неговата колешка Софка Пејовска Дојчиновска, а по нејзе, Катица Николовска, Бајрами Нури, Билјана Ивановска, Горан Трпеновски и Салаи Шемши.

Утре конечниот предлог ќе биде ставен на разгледување на ресорната Комисија за избори и именувања која веќе е закажана за во 11 часот.

Комисијата ќе треба да одлучи кои седум антикорупционери ќе бидат избрани, а потоа новиот состав да биде  изгласан од Собранието на пленарна седница пренесува канал5.

GOLD
To Top