Новости

Македонија

Одложени судењата за „Транспортер“ и „Траекторија“

Судењата за предметите „Транспортер” и „Траекторија” на СЈО денеска беа одложени на барање на јавно обвинителство и на Специјалното јавно обвинителство. Треба да се биде донесена одлука кој ќе ги води овие предмети откако од СЈО беа предадени на државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Во „Траекторија” обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Во предметот „Транспортер” обвинети се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

GOLD
To Top