Новости

Македонија

Одобрени 243 милиони евра за новиот Клинички центар во Ѓорче Петров

Владата ја прифати информацијата за одобрување на финансиски средства на Општина Ѓорче Петров од Буџетот на Министерството за здравство, кои ќе бидат наменети за урбанистички проекти и елеборати потребни за изградба на новиот Клинички центар.

На вчерашната 162 редовна седница на Владата на Република Северна Македонија ја прифати Информацијата за одобрување финансиски средства на Општина Ѓорче Петров од Буџетот на Министерството за здравство во износ од 14.400.000,00 денари.

Овие средства ќе бидат наменети за изработка на урбанистичко проектни документации, основни проекти за инфраструктура и елаборат за геолошки и геомеханички својства на почвата за потребите на Урбанистичкиот план вон населено место Веле Поле, Општина Ѓорче Петров, каде што треба да се гради новиот Клинички центар.

GOLD
To Top