Новости

Македонија

Од денеска можеме да купуваме алкохол во било кое време

Од денеска веќе не важи забраната за купување алкохол во вечерните часови. Алкохолни пијалоци ќе може да се купат кое било време во текот на денот или ноќта.

Измените стапија на сила денеска откако пред десетина дена во Собранието со 62 гласа „за” пратениците гласаа за измени на Законот за трговија.

Владата во мај му предложи на Собранието да го укине ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалоци.

Со законските измени се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци во киосците, но останува забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските станици. Останува и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години. За да можат да продаваат алкохолни пијалаци, трговските објекти и понатаму треба да поседуваат соодветни лиценци, иако Стопанската комора на Македонија, која беше иницијатор на законските измени, бараше и тие да бидат укинати.

GOLD
To Top