Новости

Македонија

Од денеска почнува лекувањето на заболените од Ковид-19 со новата терапевтска метода

Заболените од Ковид-19 од денеска ќе се лекуваат со крвна плазма, како и со примена на озонотерапија во болницата „8 Септември“. За денеска е закажана првата екстракција на плазма која ќе се користи за третман на овие пациенти на Институтот за трансфузиона медицина.

Озонирањето на крвта е метода што се користи за третманот пред сè за најтешките пациенти. Станува збор за метода, со која се озонира една одредена количина на крвта која се вади и потоа таа се враќа во неговата циркулација.

„Во болницата „8 – ми Септември“ е пренесен апаратот за т.н. озонска терапија, озонирање на крвта, што е една метода која се користи за третманот на овие пациенти, пред сè за најтешките пациенти. Има публикации и искуства од други земји, врз основа на тие искуства тимот на анестезиолози од болницата „8 – ми Септември“ направи детална анализа на навистина обемна литература и заклучи дека вреди да се направи обид и оваа терапевтска мерка да се аплицира кај овие пациенти така што од овие денови започнува и оваа апликација. Практично станува збор за метода, со која се озонира една одредена количина на крвта која се вади и потоа таа истата се враќа во неговата циркулација. Утре е закажана и првата екстракција на плазма, која исто така ќе се користи за третман на овие пациенти на Институтот за трансфузиона медицина“, информираше на вчерашната прес-конференција министерот Филипче.

Евротип
Евротип
To Top