Новости

Македонија

Од идниот месец електронска наплата на патарините

Од средината на јули ќе почне системот за наплата со така наречените смарт картички на неколку патарини долж Коридорот 10 односно правецот од српска до грчка граница.

Засега готов е системот на Кумановската патарина а во завршна фаза е инсталирањето на опремата на Сопот и Велешката потоа треба да се стават во функција и патарините кај Градско и Петровец.

Картичките ќе бидат бесплатни, односно првично ќе чинат онолку колку што ќе има на неа кредит за наплата. Ќе ги има на граница на патарините и по бензински каде ќе може и да се надополнуваат  а ќе можат да се надополнуваат и преку интернет на посебна апликација преку која се гледа и колку пари има во моментот на картичката. Наплатата во прво време ќе се одвива паралелно и со картички и во кеш но на посебни ленти.

Новина е што плаќањето со картичка ќе носи и одредени попусти – 5% за смарт картичките и околу 10% за таговите. Од следниот месец во употреба влегуваат и таговите за камионџиите и превозниците а понатаму ќе се воведе и пост пејд картичка за сите компании.

Очекувањата се дека до крај на годинава на сите рампи ќе има можност за електронска наплата а за целосно преминување само кон електронска наплата може да бидат потребни 2 до 3 години. Што се однесува до двете патарините на автопатот Демир Капија – Смоквица, тие се почнати со градба и до есен би требало да бидат готови.

GOLD
GoldSlot
To Top