Новости

Македонија

Од понеделник Собранието е во референдумска кампања

Од понеделник Собранието е во референдумска кампања. 20 дена коалицијата “за”  ќе ги убедува граѓаните со граѓански средби, од врата на врата и со видео спотови да гласаат за договорот за името.

Спикерот Џафери најави дека кампањата ќе ја водат транспарентно, со почитување на волјата на граѓаните.Самото прашање  “дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција” во себе ја содржи стратешката определба за која се залага секој од осамостојувањето, рече Џафери.

Наша цел е детално да ги информираме граѓаните за големата слика за придобивките од нашето членство во НАТО и ЕУ, кое не подразбира само заштитени граници, заедничка надворешна политика и отворени патишта за нашите граѓани. Членството подразбира повеќе странски инвестиции, повеќе работни места, поголем пазар за пласирање на производи повеќе можности за образование и напредок, на младите генерации, истовремено подразбира и целосно владеење на правото, правната држава како и реформи во судството и во сите сфери на социјалниот живот, рече Џафери.

Средствата за кампања ќе се делат пропорционално спрема пратеничките групи кои се изјаснија ‘за’ или ‘против’.  Не можат да се пренаменат како што побараа 49 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Спикерот појасни дека  собранието откупува медиумски простор. За кампањата ‘за’ ќе може да се потрошат 59 отсто од сумата, а за кампањата ‘против’ остануваат 41 отсто од предвидените средства“,  можат да се закупат максимално 9 минути на реален час програма.

„Колку ќе потрошиме од максимумот, толку ќе платиме, во согласност со дневниот медиа план“. Пратениците не добиваат пари во кеш“ рече претседателот на собранието.

Според одлука на ДИК собранието има законска можност за откупување на медиумски простор само во телевизиите и радио станиците.

 

 

 

 

 

Извор: Канал5

GOLD
To Top