Новости

Македонија

Од попладне нестабилно време, на повеќе места пороен дожд и грмежи

Од денеска и во наредните денови во попладневните часови времето ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 13 до 20 степени, а дневните од 25 до 35 степени.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Утре и во средината на неделата ќе дува повремено засилен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат од утре.

Во следниот период дневните температури ќе опаднат, па утре само некаде ќе надминат над 30 степени. Кон крајот на работната недела не очекува постабилно и повторно топло време.

МИА

GOLD
To Top