Новости

Македонија

Од утре нестабилно време, со дожд, силен ветер и грмежи

Сончево време со умерена облачност. Преку денот облачноста ќе се зголемува и попладне во јужните делови ќе има услови за за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.

Времето утре ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. На планините врнежите ќе се од снег.

Врнежите преку ноќта кон вторник и во вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни(над 25л/м2) и ќе дува засилен повремено силен југоисточен ветер.

Евротип
SNBROKER
To Top