Новости

Македонија

Од утре укинување на квотите за лекови во туристичките места

Укинувањето на квотите во аптеките од оваа недела ќе започне во туристичките места во Охрид, Струга, Дојран, Гевгелија и Ресен.

Во летниот период во овие места најмногу се трошеле лековите, бидејќи и граѓаните од другите градови со рецептите од матичниот лекар ги подигнувале во овие места, каде летувале. Со ова ниту еден граѓанин со рецепта не смее да биде одбиен дека лекот го нема на товар на фонодт. Ова е прв чекор во укинувањето на квотите во сите аптеки на територијата на цела држава.

„Во овие региони поради присуството на граѓаните како туристи многу често лековите на товар на фондот ги земаа во местата каде се на летување. И статистиката покажала дека имало голем недостаток на лекови, најчесто за кардиоваскуларни заболувања“, вели Венко Филипче министер за здравство.

Министерот посочи дека секој граѓанин во иднина ќе ги зема лично лековите, освен оние што не можат поради здравствената состојба. Во тек се анализите кој и како правел злоупотреба при издавањето на лекови.

GOLD
To Top