Новости

Македонија

Околу нулата во новогодишната ноќ, од четврток и до минус 15 степени

За време на новогодишната ноќ ќе има слаби врнежи од снег локално, температурите на воздухот ќе се движат од -5 до 1 степен Целзиусов, а сибирски бран ќе ја зафати нашата држава од четврток.

Утре ќе имаме повеќе облаци како и повремени послаби локални врнежи, претежно од снег иако на некои од пониските места има услови за дожд и снег. Се очекува да дува и умерен, на моменти повремено засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 0 до 10 степени во крајниот југоисточен дел од државава – прогнозираат од УХМР.

Многу студено време се очекува од четврток во нашата држава кога температурите на воздухот ќе се спуштат дури до околу -15 степени, а на планинските ќе бидат и пониски.
GOLD
To Top