Новости

Македонија

Оставката на Мемеди денес на дневен ред во Собрание

Потпретседателот на Собранието Весел Мемеди, кој поднесе оставка на пратеничката функција, денеска на седница ќе се обрати пред пратениците, по што треба да биде констатирана неговата оставка.

Арта Точи од Алијансата за Албанците е следна на листата, која би требало да седне на местото на Мемеди ако тој не отстапи од намерата да се повлече од пратеничката функција.

Мемеди оставката ја поднесе минатата недела, лут на премиерот Зоран Заев и владината коалиција што без негова согласност донеле одлука да го разрешат министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу и на негово место да дојде Горан Милевски од ЛДП. Заев тврдеше дека на НДП им било понудено да предложат министер без ресор, додека Мемеди рече дека немал намера да прави политички пазар за смена на министерства.
GOLD
To Top