Новости

Македонија

Откажани летовите од Скопје и Охрид до северна Италија

Компанијата „Визер“ објави дека рутите за Милано, Тревизо и Бергамо ќе бидат суспендирани, поради затворањето на северниот дел на Италија, а со цел спречување на ширење на коронавирусот.

Летовите од Скопје и Охрид кон италијанските градови кои од денеска се ставени во карантин, ќе бидат прекинати до 3 април.

Од компанијата потенцираат дека патниците кои имаат направено резервација во овој период ќе бидат автоматски известени и ќе бидат сместени на алтернативни рути во најрано можно време.

– Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електорнска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен повраток на нивните средства или 120 проценти повраток на цената во кредити – велат од компанијата

„Визер“ им порача на патниците кои имаат резервирано преку туристички агенции – вклучувајќи ги онлајн туристичките агенции, да стапат во контакт со компанијата преку која ги купиле нивните билети.

GOLD
To Top