Новости

Македонија

Откриен идентитетот на насилно умртвената жена најдена во пластична кеса на депонија

Утврден е идентитетот и возраста на жената чиј труп беше најден завчера фрлен во кеса на дива депонија покрај остатоци од животни. Телото беше најдено во близина на горно Оризари.

Извори од истрагата за Телма потврдија дека има напредок, но не соопштуваат детали во интерес на истрагата. Според нашите информации полицијата врши и распит на неколку лица кои може да откријат дополнителни сознанија.

Мртвата жена има повреди, но случајот досега уште не се води како убиство.

Истовремено струмичката полиција и обвинителство го истражуваат и другиот сличен случај, откако завчера во камионски резервоар во езерото Турија беше најден мртов маж. Мажот најверојатно е убиен поодамна поради што има е отежнато утврдување на идентитетот на жртвата пренесува Телма.

GOLD
To Top