Новости

Македонија

Официјално: 13 загинати од превртениот автобус

Министерот Венко Филипче вечерва соопшти дека 13 патници загинаа во сообраќајната несреќа со превртениот автобус кај Тетото.

-За жал се случи тешка несреќа. Веднаш се упатив на лице место, како и сите болнички возила од Скопје, се даде прва итна помош и пациентите се транспортираа. Во 8 Септемрви се примени 25 пациенти. На Скопските клиники се примени 5 пациенти од кои една е бремена жена со полесни повреди, а еден пациент е во критична состојба. Вкупниот број на загинати лица е 13. Искрено жалам, реагиравме веднаш, сите екипи беа на местото. Седум починале на лице место, а 5 во болниците, изјави Филипче.

GOLD
To Top