Новости

Македонија

Павле Богоевски поднесе оставка

Пратеникот Павле Богоевски поднесе оставка по скандалот со објавената снимка од телефонски разговор. Наспроти тврдењето дека Богоевски нарачувал кокаин, тој тврдеше дека нарачал масло од канабис за негов близок пријател кој боледува.

„Почитувана јавност, гласот за одземање на мандатот ќе биде мојот последен глас во ова Собрание. Оваа одлука ја донесов кога се пријавував во полиција. Не би сакал мојата пратеничка функција да влијае на правосудните органи кои ќе го истражуваат овој случај“ – рече Богоевски.
Тој денеска соопшти дека оставката ќе стапи во ефект по гласањето на пленарната седница за мандатот на Никола Груевски пренесува Фокус. 
GOLD
To Top