Новости

Македонија

Патните трошоци на пратениците денеска пред Комисијата за политички систем

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе ги разгледува измените на Законот за пратеници кои предвидуваат намалување на висината на патните трошоци од народните избраници.

Измените предвидуваат наместо досега утврдените 30 проценти од продажната цена на еден литар гориво, според изминат километар на возилото кое се користи, пратениците да добиваат надомест во висина од 20 проценти, од продажната цена за еден литар гориво.

За да се намалат патните трошоци, потребно е да се направат истите измени и на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функцинери, кој исто така ја регулира оваа материја.

Измените на овој закон, пак, ќе ги разгледуваат членовите на Комисијата за труд и социјална политика.

Евротип
Евротип
To Top