Новости

Македонија

Патните трошоци на пратениците конечно на дневен ред

Измените на законот за пратеници, по неколкумесечен статус кво, се ставени конечно на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем, како предлог на пратеничката група на СДСМ, со што се очекува за 33 отсто да се намали надоместокот за патни трошоци за пратениците од внатрешноста

Со овие измени надоместокот за патни трошоци се намалува за десет процентни поени. Така, наместо надоместок од 30 проценти од продажната цена на еден литар гориво, според изминат километар, пратениците сега ќе добиваат надомест во висина до 20 проценти.

Доколку тие изберат да закупат стан, тогаш ќе имаат право на надоместок за само четири патувања месечно од и до нивното место на живеење, за да може да контактираат со гласачите.

Проценките во парламентот се дека на овој начин значително ќе се намали одливот на средства од буџетот за намирување на патните трошоци на народните избраници.

faktor.mk

Евротип
Евротип
To Top