Новости

Македонија

Пендаровски и Силјановска одат во втор круг, трката неизвесна

Денешниот изборен ден помина во добра, мирна атмосфера. Немаше посериозни забелешки од никој од учесниците во кампањата ниту од набљудувачите и сметам дека ја постигнавме целта да организираме чист, фер и коректен изборен ден, изјави вечерва претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Од обработени 96,92 отсто од гласовите, Блерим Река освоил 75,915 гласови или 10,43 отсто,  Гордана Силјановска Давкова 309,799 гласови или 42,55%, Стево Пендаровски 310.751 или 42,68%, соопшти тој.

Гласале 41,92 проценти од гласачите. Вкупен број важечки ливчиња се 696.467, а неважечки 31.585.

– Се надевам дека вториот изборен круг ќе протече во мирна, фер и коректна атмосфера и на 5 мај ќе може да констатираме дека овие избори завршиле како што заслужува оваа држава – рече Дерковски.

 

 

 

 

Извор: +инфо

 

GOLD
To Top