Новости

Македонија

Пензија ќе добиваат и оние без услови и ден работен стаж – ова се критериумите

Законот со кој ќе се овозможи лицата постари од 65 години кои немаат доволно или воопшто работен стаж, а се без приходи, да добиваат државна пензија од 6.000 денари месечно влезе во Собранието.

Со Законот за социјална сигурност на постари лица кој пратениците ќе го гласаат во скратена постапка ќе бидат опфатени само граѓнаните чиј брачен или вонбрачен партнер, исто како нив, не зема редовна пензија и нема друг приход.

Пензијата која на почеток ќе изнесува 6.000 денари еднаш годишно ќе се усогласува со трошоците на живот, а лицата кои ќе остварат право на неа во зимските месеци додека трае зимската сезона ќе добиваат и надомест од по 1.000 денари.

Социјалната пензија нема да ја исплаќа Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, туку центрите за социјални работи.

GOLD
To Top