Новости

Македонија

Петар Атанасов ќе биде избран за заменик-министер за образование

Пратеникот Петар Атанасов од СДСМ денеска на собраниска седница се очекува да биде избран за заменик-министер за образование и наука.

Точката за именување на заменик-министер за образование е ставена како 20-та на денешната седница на Собранието на Република Македонија.

Атанасов на 23 овој месец поднел оставка на функцијата пратеник, а на негово место треба да седне Снежана Калеска Ванчева од листата на СДСМ во Изборната единица 1.

На дневен ред на денешната 58. собраниска седница ставени се вкупно 34 точки на разгледување од различни области пренесува 24 вести.

Евротип
SNBROKER
To Top