Новости

Македонија

Платите на хирурзите покачени за 5.300 денари, повисоки плати и во школите и во градинките

На вработените во градинките, училиштата и болниците септемвриската плата ќе им биде зголемена за пет отсто. Зголемената плата ќе им биде исплатена во октомври, најавија денес министрите за финансии, образование, здравство и труд и социјала. Покачена плата ќе добијат вкупно 53.656 вработени во основните и во средните училишта, во здравствените установи и во детските градинки.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во неговиот сектор, зголемувањето од пет отсто значи покачување од 1050 – 5.300 денари на платите на здравствените работници.

„ Можеби пет проценти звучат помалку атрактивно но треба да се потенцира дека на наставниот кадар на хируршките гранки на универзитетските клиники во просек платата ќе се зголеми за 5.300 денари, на докторите специјалисти на универзитетските клиники ќе се зголеми за 4.500 денари, на медицинските сестри на универзитетските клиники со високо образование во просек за 2000 денари, на средно медицинскиот кадар  за околу 1500 денари. Во општите болници наставниот кадар ќе зема поголема плата за околу 4.700 денари, лекарите специјалисти во општите болници за 4060 денари, медицинските сестри со високо образование за 2050 денари, средно медицинскиот кадар во општите болници ќе зема плата поголема за 1050 денари“, образложи министерот за здравство Венко Филипче.

Тој нагласи дека освен покачувањето на платите на вкупно 19.123 вработени, постојано инвестираат во модернизирање на болниците.

Министерот за образование и наука Арбр Адеми смета дека постепено се враќа дигнитетот на просветителската дејност и нејзината важност во општеството.

GOLD
GoldSlot
To Top