Новости

Македонија

Повеќе лица врз кои е направен обид за рекет сами ги пријавуаат случаите

Специјалната обвинителка Катица Јанева трет ден ја нема во јавноста да ја објасни својата улога во случајот Рекет.

Единствено денеска го информирала СЈО информираше дека отворила боледување на 16 јули, ден по аферата Рекет во која  и беше одземен мобилниот  телефон.

Од што боледува обвинителката информации нема. Телевзијата Алсат објави дека  пред неколку недели врз неа се спровела хируршка интервенција за намалување на желудникот за да почне процедура за слабеење, но оваа операција не се поврзува со боледувањето.

Во меѓувреме одземениот мобилен телефон од Јанева се уште се вештачи а таа се уште не е повикана да даде исказ.

Дел од правниците очекуваат транспарентна истрага од обвинителството за организиран криминал особено што се работи како што велат за личност на која и беше доверена правдата, но велат во секој случај тоа не треба да се одрази на предметите што ги работи СЈО.

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека му се обратиле уценувани бизнисмени, Русковска за Канал 5 потврди дека тој ја известил а по нејзин совет рекетираниот сведок поднел кривична пријава. Во меѓувреме и други лица, потврдуваат од обвинителството, пријавиле дека биле мета на обид за рекет.

Во текот на предистражната постапка до надлежниот јавен обвинител се обратија и други лица кои тврдеа дека имало обид за изнуда на поголем износ на парични средства. Надлежниот јавен обвинител што постапува во предметот ги презема сите неопходни мерки што се во негова надлежност во насока на расветлување на наводите од овие лица.

Во рамки на истрагата, се вештачат и останатите докази одземени при претресите во канцеларијата на Боки 13 во 1тв, неговиот дом и домот на Зоки Кичеец пренесува канал5.

GOLD
To Top